Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2017

Јанузај од Манчестер во Реал Сосиедад

Јунајтед не ги објави деталите од договорот, а британските медиуми наведоа дека трансферот е вреден околу девет милиони фунти.

Аднан Јанузај, досегашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, потпиша петгодишен договор со Реал Сосиедад, соопшти вчера англискиот клуб.
Управата на Јунајтед го известила 22-годишниот Белгиец дека тренерот Жозе Мурињо не смета на него и дека може да си побара нов клуб.
Јанузај се врати од неуспешниот заем во Сандерленд, а не е во екипата која ќе оди на турнеја низ САД.
Јунајтед не ги објави деталите од договорот, а британските медиуми наведоа дека трансферот е вреден околу девет милиони фунти.
Јанузај на шеснаесетгодишна возраст дојде на „Олд Трафорд“ дојде од Андерлехт, а за првиот тим на англискиот клуб дебитираше во 2013 година кај тренерот Дејвид Мојс. За Јунајтед одигра 63 натпревари и постигна пет голови, а на заем играше и за Борусија од Дортмунд.
Неговиот договор со Манчестер јунајтед му истекуваше во 2018 година.
Реал Сосиедад минатата сезона во шпанското првенство заврши на шестото место и оваа сезона ќе игра во Лигата на Европа.

Најнови вести