Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2017

Хамес го продолжи договорот со Реал, па замина во Баерн

Хамес Родригес го продолжи договорот со Реал Мадрид пред да замине на двегодишен заем во Баерн од Минхен.

„Баварците“ имаат опција да го откупат на крајот од заемот за 35 милиони евра, но ако се премислат, Реал би имал проблеми да бара од друг клуб толкав износ бидејќи Колумбиецот би имал само уште една година од договорот.
Поради тоа, Реал ја продолжи соработката со Родригес до јуни 2021 година, по што го испрати во Баерн.
Родригес има 27 години, пред Реал блескаше во дресовите на Монако и на Порто, а постигна 22 гола во текот на трите сезони на „Сантијаго Бернабеу“.

Најнови вести