Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2017

Севилја го врати Нолито во Ла Лига

Фудбалскиот клуб Севилја соопшти дека е постигнат договор со Манчестер јунајтед за трансфер на Нолито во Андалузија.

Севилја соопшти дека со Нолито ќе потпише тригодишен договор, но не ги наведе финансиските детали.
Тој повторно ќе соработува со тренерот Едуардо Беризо, со кого своевремено беше во Селта. Беризо ова лето ја презеде Севилја.
Нолито помина една сезона во Манчестер сити, а претходно играше за Селта, Барселона, Гранада и Бенфика.
Тој досега одигра 16 натпревари за репрезентацијата на Шпанија и постигна шест голови.

Најнови вести