Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2017

Барди во Леванте за 1,5 милиони евра

Енис Барди, фудбалскиот репрезентативец на Македонија, е нов играч на Леванте, соопшти шпанскиот клуб.

Леванте за трансферот на неговиот нов играч платил еден милион и петстотини илјади евра.
„Трансферот во Леванте е остварување на мојот сон да играм во Шпанија“, изјави Барди за македонските медиуми.
Дваесет и двегодишниот Барди потпиша тригодишен договор, со можност да се продолжи на уште две сезони. Тој досега играше за унгарскиот Ујпешт, кој ќе има право на десет отсто од неговиот нареден трансфер.

Најнови вести