Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2017

ПСЖ подготвил 222 милиони евра за Нејмар

ПСЖ е подготвен на Барселона да ѝ плати 222 милиони евра за бразилскиот напаѓач Нејмар и да ги помести сите граници!

Доколку информацијата е точна, одењето во француската престолнина ќе зависи исклучиво од Нејмар.
Претходно во шпанските медиуми се појави информацијата дека членовите на неговото семејство и менаџерите го советувале Нејмар да го напушти клубот од стадионот „Камп ноу“ за да не биде во сенка на Лионел Меси.
Нивно мислење е дека Бразилецот не може да биде конкурентен да ги освои највредните лични награди сè додека за соиграч го има аргентинскиот ас.
Дваесет и петгодишниот Нејмар има договор со Каталонците до летото 2021 година, а ова не е прв пат да се зборува за негово заминување од клубот.
Бразилецот во 2013 година од Сантос направи трансфер в Барселона, а минатата сезона постигна 13 голови на 30 натпревари во Примера лигата.

Најнови вести