18.7.2017 Венгер: Санчес не се продава
Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека клубот нема намера да го продаде Алексис Санчес ова лето, пишува „Скај спорт“.
„Одлучивме дека Санчес не е за продажба и цврсто се придржуваме до тоа“, изјави францускиот стручњак и покрај тоа што медиумите на Островот секојдневно фудбалерот го поврзуваат со Манчестер сити.
„Не се занимавам со такви работи. Наш фокус сега се подготовките за наредната сезона на Премиер лигата. Тука сакаме да оствариме што подобар пласман за да можеме да се избориме повторно да играме во Лигата на шампионите. Во таа борба сериозно сметаме на Санчес“, изјави Венгер.