Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2017

Мареј на операција, што ќе одлучи Новак?

Најдобриот тенисер на светот Енди Мареј одлучил да му биде извршена операција на повредениот колк и за него сезоната е завршена, пренесуваат британските медиуми.

Шкотот веќе некое време ја влече незгодната повреда и хируршкиот зафат е единственото решение.
„Не сакам да го гледам во болки. Луѓето се повредуваат, а за негова несреќа, оваа повреда дојде во невреме. Се надевам дека што побрзо ќе закрепне и дека ќе се врати уште подобар од пред повредата“, изјави Џејми Мареј, братот на Енди, кој беше освојувач на Вимблдон во микс конкуренцијата со Мартин Хингис.
Мареј ќе го пропушти Отвореното првенство на САД, последниот Грен слем во сезоната, а тениската јавност со нетрпение ја очекува одлуката на Новак Ѓоковиќ.
Србинот по поразот од Томаш Бердих во четврт-финалето на Вимблдон, изјави дека веќе година и пол има проблем со лакотот, но сè уште не одлучил дали ќе оди на операција.

Најнови вести