Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2017

Робертсон во Ливерпул, Стјуарт во Хал

Енди Робертсон утре треба да ги изврши медицинските прегледи, по што и официјално ќе стане играч на Ливерпул.

Ливерпул и Хал ги завршија преговорите околу трансферот на дефанзивниот играч Енди Робертсон, па левиот бек за десет милиони фунти ќе стигне на „Енфилд роуд“.
Како што е потврдено, Ливерпул ќе плати осум милиони фунти веднаш и уште два милиони како втора рата.
Робертсон нема да ѝ се приклучи на екипата во Хонг Конг, туку ќе тренира во Англија, па на екипата ќе ѝ се придружи следната седмица на кампот во Германија.
Како што наведуваат извори во Англија, доаѓањето ан Робертсон би можело да го забрза заминувањето на Алберто Морено, за кого „црвените“ се надеваат дека би можеле да добијат околу 15 милиони фунти.
Робертсон во Хал дојде од Данди јунајтед во 2014 година за три милиони фунти и забележа 115 настапи за клубот.
Практично истовремено, Ливерпул и Хал договорија уште еден трансфер. Кевин Стјуарт за седум милиони фунти ќе стане играч на Хал.
Како што пренесуваат медиумите од Островот, двата трансфери не се поврзани, а трансферот на на Стјуарт со потенцијалните договорени бонуси би можело да достигне цена од 13 милиони фунти.

Најнови вести