Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2017

Кристијан Панучи нов селектор на Албанија

Некогашниот италијански репрезентативец Кристијан Панучи е именуван за селектор на Албанија, соопшти Фудбалскиот сојуз.

Панучи, кој се прослави играјќи за Милан, Реал Мадрид, Рома и Интер, на кормилото на албанскиот државен тим го наследи сонародникот Џовани Де Бјази.
Тој нема искуство од самостојна тренерска работа бидејќи по завршувањето на кариерата,кратко беше тим-менаџер во Палермо, а потоа и асистент на Фабио Капело, во времето додека познатиот тренер беше селектор на Русија.
Албанија се наоѓа во групата Г од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година, каде што по шест одиграни кола, го зазема третото место со девет бодови.
По седум помалку има од водечката Италија, односно Шпанија, а исто колку што има и четвртопласираниот Израел.

Најнови вести