Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2017

Мурињо незадоволен од преодниот рок

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека е незадоволен од преодниот рок на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед досега доведе две засилувања, стоперот Виктор Линделеф и напаѓачот Ромелу Лукаку.
„Секогаш има место за напредок и не можам да кажам дека сум задоволен од преодниот рок. Ова е тежок рок и не обвинувам никого, тоа е реалноста. Пазарот е таков што многу играчи е тешко да се добијат, но не и невозможно“, изјави Мурињо.
Португалецот не го смета рокот за успешен доколку не дојдат Иван Перишиќ, Немања Матиќ, коишто му се прва желба.
„Секој клуб се чувствува силен и не сака продаде или да постави високи стандарди. Пред некое време размислувавме за четири засилувања, но тоа е многу тешко да се изведе. Дури и да доведеме тројца од нив, би бил среќен“, додаде менаџерот на Јунајтед.
Клубот од „Олд Трафорд“ го победи Челзи во борбата за Лукаку, кој во понеделникот постигна гол на пријателскиот натпревар против Реал од Солт лејк сити, а дојде и Линделеф.
„Моментно ги имаме Лукаку и Линделеф, двајца играчи кои добро ги познавам. Со едниот работев претходно, другиот е од португалскиот шампион, а таа лига ја следам секој викенд. Задоволен сум од нив и знам дека ќе успеат во клубот. А рокот завршува на 31-ви август, така што има време. Но, секако дека мене како тренер ми е важно да имам играчи на располагање што е можно порано“, изјави Мурињо.

Најнови вести