Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2017

УЕФА не го штеди Вардар – украден стадионот, па постапка

УЕФА покрена дисциплинска постапка против македонскиот шампион Вардар поради пропустот во организацијата и инцидентите на натпреварот против шведскиот Малме.

Вардар во вторникот го дочека Малме во Струмица бидејќи УЕФА сака да го сочува теренот на „Филип Втори“ во Скопје поради Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на осми август.
Делегатот навел дека навивачите на Вардар фрлале тврди предмети на теренот, навредливо скандирале, како и дека поголема група ги вознемирувала официјалните лица и дека биле употребени пиротехнички средства.
Во извештајот од натпреварот се нагласува и блокирање на скалите на централната трибина од страна на навивачите. Како што наведува МИА, одлуката за извесна казна на македонскиот фудбалски шампион ќе биде донесена на 28-ми јули.
Вардар приреди мала сензација во второто коло од квалификациите елиминирајќи го повремениот учесник на Лигата на шампионите со победата од 3-1 во Македонија за вкупен резултат 4-2.
Вардар од Скопје и против данскиот Копенхаген , во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, домаќин ќе биде во Струмица, бидејќи УЕФА буквално не му дозволува да игра на неговиот стадион „Филип Втори“ поради споменатиот дуел меѓу шампионот на Лигата на шампионите и шампионот на Лигата на Европа.

Најнови вести