Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2017

Ван Дајк сака да го напушти Саутхемптон, тренира одвоено од екипата

Вирџил ван Дајк, фудбалерот на Саутхемптон, тренира одвоено од екипата откако го извести тренерот Маурисио Пелегрино дека сака да го напушти клубот, пренесоа вчера британските медиуми.

За 26-годишниот холандски репрезентативец ова лето беше заинтересиран Ливерпул, но клубот се повлече по жалбата на Саутхемптон на раководството на Премиер лигата.
Саутхемптон нема намера да го продава Ван Дајк, Холанѓанецот сака да си оди, па тренерот го исфрли од екипата која се подготвува за новата сезона сè додека дефанзивниот играч не го промени мислењето.
„Момчето ми рече дека не е на располагање бидејќи сака да си оди. Морав да му кажам дека ако не сака да учествува и не се чувствува добро, мора самостојно да тренира додека не помине тој период. Тој не работи со екипата бидејќи не е сто отсто сконцентриран. Мене ми требаат играчи коишто се сто отсто посветени да го бранат Саутхемптон. Одлуката е лесна“, изјави Пелегрино за Би-би-си.
На прашањето дали Ван Дајк сепак би можело да го напушти клубот, аргентинскиот тренер повторно изјави дека клубот не сака да го продаде.
„Се надевам дека Вирџил може да ги преиспита неговите чувства, бидејќи во денешно време да се биде фудбалер е голема работа... Нам ни е потребен фудбалер кој е целосно посветен. Сакам да им помогнам на екипата и на Вирџил, но нам ни е потребен играч кој ќе учествува во секој тренинг, не само со тело туку и психички, на теренот со соиграчите“, изјави тренерот на Саутхемптон.
На Ван Дајк договорот му истекува за пет години, а го потпиша минатото лето, по една година откако дојде од Селтик.

Најнови вести