Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2017

Признание за крај: Лам најдобар Германец во 2017 година

Филип Лам, поранешниот капитен на Баерн Минхен, денес е прогласен за најдобар германски фудбалер во 2017 година.

„Тоа е голема чест и навистина сум задоволен со тоа. Мислам дека новинарите при гласањето гледаа на целата моја кариера“, изјави 33-годишниот Лам, кој се повлече во мај оваа година.
Германските спортски новинари го прогласија Лам за најдобар фудбалер во 2017 година, второто место го зазеде Тони Крос, играчот за врска на Реал Мадрид, додека на третото место беше Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд.
Лам освои осум титули на Бундеслигата, шест титули на Купот на Германија, еден трофеј на Лигата на шампионите и Светското првенство во 2014 година.
„Историјата покажува дека е неверојатно тешко одбранбен играч да биде прогласен за најдобар фудбалер на годината, тоа повеќе е вообичаено за напаѓачите“, изјави поранешниот фудбалер на Баерн.
Лам го наследи неговиот соиграч Жером Боатенг, кој минатата година беше избран за најдобар германски играч.
Јулијан Нагелсман ја доби наградата за најдобар германски тренер откако за прв пат во историјата го одведе Хофенхајм до место во квалификациите за Лигата на шампионите.

 

Најнови вести