Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2017

Трансферот е завршен? Меси го избриша Нејмар од „Инстаграм“

Лионел Меси, фудбалерот на Барселона, изгледа дека е разочаран од желбата Бразилецот Нејмар да си оди од клубот со кого освои сè.

Во текот на преговорите на бразилскиот фудбалер со ПСЖ, Меси на неговиот профил на „Инстаграм“ ги избриша сите фотографии на коишто беше со Нејмар.
Бразилецот остана само дел од неколку фотографии на коишто има поголема група играчи.
Нејмар со одењето од Барселона, сакаше да излезе од сенката на Меси, некои медиуми пренесуваат дека неговиот трансфер со ПСЖ е веќе завршена работа, а Меси тоа го најави со бришењето на фотографиите.
Нејмар беше во игра против Јувентус на американската турнеја во саботата. На Јуве за 45 минути на теренот му даде два атрактивни гола, а кај вториот ја измеша целата одбрана на Јувентус.
Ако во текот на денот се потврди дека е потпишан договорот, Нејмар би можело да стане најскапо платен играч во историјата на фудбалот во трансфер вреден 222 милиони евра. Навивачите на Барселона по оваа работа можеби ќе го паметат малку поинаку.

 

Најнови вести