Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2017

Јувентус доведе „десетка“ за 40 милиони евра

Федерико Бернардески, фудбалерот на Фиорентина, го засили Јувентус за 40 милиони евра, објави актуелниот шампион на Италија.

Останува само уште да ги помине медицинските прегледи и доколку сè биде во ред, ќе потпише петгодишен договор.
Овој 23-годишен крилен фудбалер во Јувентус ќе го носи култниот број десет и ќе заработува четири милиони евра по сезона.
Јувентус пред Бернардески, ги доведе: Војќех Шченсни (Арсенал), Матија де Шилјо (Милан), Родриго Бентанкур (Бока јуниорс), Даглас Коста (Баерн, на заем). Откупени се договорите на Хуан Куадрадо (Челзи) и Мехди Бенатија (Баерн), додека од клубот си заминаа: Леонардо Бонучи (Милан), Кингсли Коман (Баерн), Симоне Заза (Валенсија), нето (Валенсија) и Дани Алвес (ПСЖ).

Најнови вести