Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2017

Официјално: Менди потпиша за Сити

Фудбалскиот клуб Манчестер сити го претстави Бенџамин Менди како ново засилување.

Трансферот на левиот бек е официјализиран денес, во Лос Анџелес, каде што ги помина лекарските прегледи, по што потпиша петгодишен договор.
„Граѓаните“ мораа да му платат на Монако 55 милиони евра оштета, со што Менди стана најскап лев бек во историјата на фудбалот.
Досега рекордот го држеше Лук Шоу, за кого Манчестер јунајтед на Саутхемптон му плати 37.500.000 евра.
Менди со доаѓањето во Сити стана дел од најскапата одбрана во историјата.
„Граѓаните“ ова лето ги напуштија бековите Гаел Клиши и Александар Коларов.

 

Најнови вести