Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2017

Манчестер и Реал на проба пред Суперкупот во Скопје

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Реал Мадрид по пенали (1-1 во регуларниот дел) во Санта Клара, во претсезонскиот натпревар на Меѓународниот куп на шампионите.

Голот за Манчестер јунајтед го постигна Џеси Лингард во продолжението на првото полувреме, а за Реал Каземиро во 69-тата.
Натпреварот беше решен со серијата пенали во којашто не беа погодени седум од десет пенали.
Лингард кај голот на Манчестер го заврши полесниот дел од работата и само ја пласираше топката во мрежата. На голот му претходеа серија неверојатни дриблинзи на Антони Мартијал, кој тројцата играчи на Реал направи да изгледаат како петлиња.
Паѓаа по ред Лука Модриќ, Дани Карвајал и Васкез, просторот го затвори Варан, но топката отиде кај Лингард, кој остана сам пред Марсел, кој на гол-линијата беше немоќен.
Каземиро даде гол од пенал, откако Виктор Линделеф, новиот дефанзивен играч на „црвените ѓаволи“ го собори Тео Ернандес. За да не биде тоа доволно, Линделеф подоцна во пенал-серијата не погоди и пенал и ја комплетира неговата неуспешна вечер.
Не погодуваа и останатите на двете страни. Дури седум од десет пенали не погодија играчите на Манчестер и на Реал, еден од нив беше и Каземиро, кој му донесе изненадување на кралскиот клуб. Манчестер на крајот беше подобар со 2-1, пред последната средба на американската турнеја која „црвените ѓаволи“ ја играат со Барселона.

Најнови вести