Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2017

Бејли суспендиран на три натпревари, не игра во Скопје

Европската фудбалска унија го суспендира Ерик Бејли, играчот на Манчестер јунајтед, на три натпревари поради насилничко однесување во текот на натпреварот од Лигата на Европа во мај.

Како што се наведува, Бејли е суспендиран поради црвениот картон што го доби поради насилничко однесување во завршницата на реванш-натпреварот од полуфиналето на Лигата на Европа меѓу Манчестер јунајтед и Селта во мај.
Бејли е суспендиран на три натпревари, а бидејќи поради црвениот картон го пропушти финалето на Лигата на Европа и средбата со Ајакс (2-0), му остануваат уште два натпревари од суспензијата.
Тој поради тоа ќе го пропушти Суперкупот на Европа, во кој Јунајтед на осми август ќе игра во Скопје против европскиот шампион Реал Мадрид, и првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.
Ждрепката за групната фаза ќе се одржи по завршувањето на квалификациите, на 24-ти август во Монако.

Најнови вести