Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2017

Македонија преку Бразил во осминафиналето на СП!

Македонската репрезентација се пласира во осминафиналето на Светското ракометно првенство за јуниори во Алжир откако избраниците на Илија Темелковски го победија Бразил со 28-23.

По двата порази, нашите репрезентативци се вратија на победите токму во моментот кога најмногу требаше. Со фуриозна завршница триумфираа над Бразил со 28-23 и со победата се пласираа во осминафиналето на Светското првенство за јуниори во Алжир, и тоа како второпласирани во групата Ц.
Натпреварот почна изедначено, во 19-тата минута резултатот беше 8-8, но потоа „црвено-жолтите“ направија серија од 5-1, која придонесе на полувремето да заминат со предност од три гола, 14-11.
Во второто полувреме Бразилците успеаја да поведат со 21-22 во 52-рата минута. Но таа предност не ја задржаа долго, следуваше серија од 5-0 на македонските ракометари, со која беше одлучен победникот. Конечниот резултат беше 28-23.
Македонија во осминафиналето ќе игра против третопласираната репрезентација од групата Д, домаќинот Алжир.

Најнови вести