Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2017

Конте го врати Кенеди дома поради навредите кон Кина

Кенеди, фудбалерот на Челзи, е вратен од тимската турнеја во Лондон откако на „Инстаграм“ ја навреди Кина.

Кенеди се извини поради коментарот кој предизвикал негодување кај јавноста, која го осуди Бразилецот за расизам и ксенофобија.
Бразилецот постот го објави по победата на Челзи над Арсенал со 3-0, во натпреварот во којшто навивачите во Пекинг го исвиркуваа.
„Искрено им се извинуваме на сите наши навивачи, но и на целиот народ во Кина. Однесувањето на Кенеди е недозволиво и не ги претставува мислењето и ставот на клубот. Тој поради тоа ќе биде драстично казнет“, соопшти Челзи.
Би-би-си пренесува дека Кенеди на екипата ќе ѝ се приклучи во Сингапур, каде што Челзи го очекува нов силен пробен натпревар, денес против Баерн.
Кенеди во Челзи направи трансфер во 2015 година од Флуминенсе за осум милиони евра, во првата сезона на „Стемфорд бриџ“ одигра 20, а минатата само два натпревари. Беше и на заем во Ватфорд, каде што настапи само еднаш.

Најнови вести