Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2017

Светски рекорд: Мбапе оди во Реал за 180 милиони евра!

Килијан Мбапе, еден од најталентираните фудбалери на светот, ќе стане најскапо платен играч во историјата бидејќи Монако договорил трансфер во Реал Мадрид за неверојатни 180 милиони евра, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Како што се наведува, Реал веднаш ќе исплати 160 милиони и уште 20 милиони преку бонуси, со што во голема мера ќе го надмине досегашниот рекорд при трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед (105 милиони).
Младиот француски напаѓач (18) ќе потпише шестгодишен договор и седмично ќе заработува 135.000 евра.
Зинедин Зидан, тренерот на Реал, лично контактирал со Мбапе, кому легендарниот Французин му бил идол како момче, и го уверил дека Мадрид за него е најдоброто место за напредок.
Мбапе на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа откако заминаа Алваро Мората (Челзи) и Џејмс Родригес (Баерн Минехн), па ќе има простор за понатамошно докажување.
Претходно Монако не сакаше да го пушти Мбапе во ривалот ПСЖ, играчот не сакаше во Манчестер сити, а Реал го искористи тоа и го доведе стрелецот на 26 погодоци во минатата сезона.

Најнови вести