Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2017

Баерн три месеци без Бернат

Шпанецот Хуан Бернат, левиот бек на Баерн од Минхен, ќе мора да паузира долго време.

Бернат ќе ги пропушти наредните три месеци поради повреда на глуждот. Тој се повреди во поразот од Милан (0-4), а дополнителните испитувања покажале дека се работи за оштетување на лигаментите.
Тоа значи дека Давид Алаба до средината на првиот дел од сезоната ќе му биде единствениот лев бек на располагање на Карло Анчелоти.
Се очекува Бернат да истрча на теренот дури на почетокот на ноември, што значи дека ќе го пропушти поголемиот дел од првата половина на сезоната.

 

Најнови вести