Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2017

Барса се договорила со Кутињо, се чека Ливерпул

Барселона постигнала договор со Филипе Кутињо за да дојде на „Камп ноу“, но Ливерпул сè уште не се согласил да го продаде играчот.

Шпанското радиот РАЦ1 тврди дека Бразилецот е подготвен да ја исполни неговата судбина и да заигра за Блауграната во претстојната сезона.
Ливерпул наводно ја одбил понудата од Каталонија вредна 75 милиони евра минатата недела, па се очекува нова реакција од Барселона.
Барселона го гледа Кутињо, кој во Англија игра во нападот во формацијата 4-3-3, како наследник на Андрес Иниеста во редот за врска.
Кутињо минатото лето го продолжи договорот со Ливерпул до средината на 2022 година, а на „Енфилд роуд“ се уверени дека цената нема да ги спречи шпекулациите за Барселона.
„Мундо депортиво“ пренесува дека челниците на Барселона се наоѓаат во Англија, каде што се обидуваат да го завршат трансферот. Јирген Клоп би останал без клучен играч, но би добил огромни средства за засилувањата што ги сака.
Претходните денови во Шпанија се шпекулираше дека Кутињо е еден од двајцата Бразилци кои Барса се обидува да ги доведе за да го осигури останувањето на Нејмар на „Камп ноу“.

Најнови вести