Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2017

ИКШ: Нејмар повторно ѝ донесе победа на Барселона

Фудбалерите на Барселона го победија Манчестер јунајтед со минимален резултат пред 82.000 гледачи во натпреварот на Интернационалниот куп на шампионите, кој се игра во Соединетите Американски Држави.

Натпреварот го одлучи Нејмар во 31-вата минута. Претходно Антонио Валенсија, дефанзивниот играч на Јунајтед, го изгуби дуелот со Лионел Меси, а Бразилецот го искористи тоа, се сврте за 180 степени и од блиску ја испрати топката во голот на Давид де Хеа.
Иако немаше повеќе голови, не може да се каже дека натпреварот не беше возбудлив, особено на стартот, кога двете екипи создаваа бројни шанси.
Иако медиумите секојдневно пишуваат за трансферот на Нејмар во ПСЖ, тој одлучил во јавноста да не ги коментира тие наводи, туку да зборува на теренот, што одлично му оди.
Бразилецот блескаше на американската турнеја, во првиот натпревар од Интернационалниот куп на шампионите против Јувентус постигна два гола за Барселона, во натпреварот кој беше завршен со резултат 2-1.
Со три постигнати погодоци, Нејмар засега е најдобар стрелец на турнирот.

Најнови вести