Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2017

Македонија преку домаќинот Алжир меѓу осумте најдобри на СП

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 21 година синоќа во осминафиналето го победи домаќинот Алжир со 24-20 (11-10 на полувремето) и се пласира во четврт-финалето на Светското првенство.

Македонските ракометари попладнево во 19.30 часот ќе играат против Франција во четврт-финалето на Светското првенство.
По првото полувреме домаќинот Алжир имаше минимална предност од еден гол, а во вториот дел избраниците на селекторот Илија Темелковски заиграа подобро, особено се засили одбраната, па противникот успеа да постигне само девет погодоци. Во последните четири-пет минути од средбата Македонија обезбеди предност од четири гола.
По две минути игра во натпреварот, поради повреда мораше да излезе Марко Нелоски, а по 40 минути од средбата, исто така поради повреда, теренот го напушти и Филип Арсеновски.
Головите за Македонија ги постигнаа: Филип Талески 8, Давор Палевски 4, Мартин Велковски, Мице Шилегов, Филип Кузмановски по 3, Филип Арсеновски 2 и Милан Лазаревски 1. Одлични беа и голманите Мартин Томовски и Никола Даниловски.
Резултати од осминафиналните натпревари: Македонија – Алжир 24-20, Франција – Фарски Острови 28-25, Данска – Норвешка 34-27, Хрватска – Русија 25-34, Германија – Шведска 31-28 (по продолжение), Тунис – Исланд 28-27, Унгарија – Словенија 28-27 (по продолжение) и Шпанија – Аргентина 27-21.
Во четврт-финалето на Светското првенство за ракометари до 21 година денес ќе играат: Македонија – Франција, Германија – Тунис, Данска – Русија и Унгарија – Шпанија.

Најнови вести