Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2017

Ливерпул одреди цена за Кутињо – 150.000.000 евра!

Додека трае лицитацијата кој би можело да го сруши рекордниот трансфер на Погба, Килијан, Мбапе или Нејмар, од друг план изби Бразилецот Кутињо, за кого Барселона ќе мора на Ливерпул да му плати огромна цена.

Првата понуда на Барселона од 75 милиони евра лесно е одбиена. Каталонците се подготвени уште малку да ја зголемат, евентуално уште за пет милиони, но како што пренесува шпанскиот „Спорт“, Ливерпул одредил цена за неговиот најдобар играч. И таа не е мала – дури 150 милиони евра.
Работата е јасна, пазарот толку полудел во овој преоден рок, што едноставно 80 милиони евра веќе не претставуваат сума вредна за играчи од светска класа. Бидејќи Ливерпул нема финансиски маки, не мора Бразилецот да го продаде евтино. Но, од друга страна, бидејќи играчот сака да оди на „Камп ноу“ и наводно се договорил со Барселона, „црвените“ мораа да го испочитуваат интересот на Каталонците и да истакнат цена.

Најнови вести