Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2017

Менди ќе го пропушти почетокот на сезоната во Премиер лигата

Бенџамин Менди, новиот фудбалер на Манчестер сити, ќе го пропушти почетокот на Премиер лигата поради повреда на бутот, изјави Пеп Гвардиола за „Скај спорт“.

Менди е 23-годишен одбранбен играч кој дојде од Монако за 49,2 милиони фунти, но не играше на подготвителниот натпревар против Реал Мадрид во Лос Анџелес (4-1).
Гвардиола изјави дека Менди осум месеци има проблем со повреда и дека не знае дали ќе игра во првиот натпревар од Премиер лигата во Брајтон на 12-ти август.
„За жал, тој е повреден и нема да биде подготвен уште две, три седмици“, изјави тренерот на англискиот клуб.
Данило да Силва, другото засилување на Манчестер сити, вчера дебитираше во Лос Анџелес по трансферот од Реал Мадрид од 26,9 милиони фунти.
Гвардиола изјави дека верува дека победата над Реал од 4-1 е знак дека е засилен интензитетот на одбраната со Кајл Волкер, кој ќе биде замена за Менди.
„Ова се подготовки, го изгубивме натпреварот од Јунајтед, но направивме добри работи. Наша желба е да бидеме постабилни и поцврсти, а Волкер и Данило ни помогнаа во тоа, а тоа ќе го направи и Менди“, изјави Гвардиола и додаде дека резултатот не е важен туку дека за иднината е важно како ќе се борат играчите и начинот на којшто ќе играат.

Најнови вести