Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2017

Матиќ пред трансфер во Јунајтед, најскап српски фудбалер

Немања Матиќ, играчот за врска на Челзи, сепак ќе направи трансфер во Манчестер јунајтед и ќе стане најскапо платен српски фудбалер некогаш, објави британскиот „Скај спорт“.

Иако пред две седмици се чинеше дека нема ништо од работата, бидејќи Челзи му беше лут на Јунајтед поради одземањето на Ромелу Лукаку, лондонскиот клуб попуштил и последните вести говорат дека трансферот на Матиќ на „Олд Трафорд“ ќе биде официјализиран во наредните денови.
Матиќ ќе ја задолжи опремата на Манчестер јунајтед во трансферот вреден меѓу 37 и 45 милиони евра, пренесуваат повеќе медиуми од Островот.
Од трката за 28-годишниот фудбалер се повлече Јувентус, бидејќи тргна по поевтините варијанти, Блез Матуиди од ПСЖ и Стивен Н’зонзи од Севилја, па Челзи мораше да го пушти Матиќ повторно да соработува со Жозе Мурињо.
Матиќ вториот мандат во Челзи го заврши со титулата шампион на Англија, а играше уште за: Бенфика, Витесе, Кошице и Колубара.

Најнови вести