Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2017

Пораз од Унгарија на крајот, Македонија шеста на СП!

Младата ракометна репрезентација на Македонија беше поразена со 26-22 од Унгарија и се пласира на шестото место на Светското првенство во Алжир, што претставува историски успех.

Младите ракометари се првата репрезентација на Македонија која како екипа успеала да заврши на шестото место на Светското првенство.
Нашите млади ракометари, и покрај што вчера беа поразени од Унгарците, имаа одличен настап на Мундијалот во Алжир.
Унгарија играше подобро во текот на целиот натпревар, а Македонија играше рамноправно само на почетокот на средбата, а на полувремето унгарските ракометарите водеа со 14-11.
Слична беше ситуацијата и во вториот дел, Унгарија го имаше под контрола целиот натпревар и на крајот победи со 26-22.
Најефикасен ракометар во нашата репрезентација беше Нелоски со шест постигнати погодоци, а по четири постигнаа Талески, Кузмановски и Танкоски. Мартин Томовски имаше 18 одбрани.
Со натпреварот против унгарската репрезентација избраниците на селекторот Илија Темелковски го завршија настапот на Светското првенство, но постигнаа историски успех во македонскиот спорт.

Најнови вести