Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2017

Маркисио: Милан и Интер не ни се конкуренти за Скудетото

Клаудио Маркисио, фудбалерот на Јувентус, изјави дека Милан и Интер не им се меѓу ривалите во борбата за Скудетото, туку само Рома и Наполи.

Италијанскиот играч за врска изјави дека смета дека Милан и Интер сè уште не можат да се впуштат во трката за шампионската титула на Италија и дека ништо нема да се промени во однос на претходната година.
„Ќе мора да внимаваме на Наполи и на Рома, ги ставам пред сите бидејќи двата тима имаат солиден темел за успеси. Дури по нив следуваат Милан и Интер, но многу го менуваа играчкиот кадар и тоа никогаш не е лесно“, изјави Клаудио Маркисио, фудбалерот на Јувентус, за „Газета дело спорт“.
Маркисио додаде дека не верува дека големите вложувања на Милан и на Интер можат веднаш да се исплатат, туку дека е потребно време.
„Милан оваа сезона игра во Европа, Интер го нема, што може да биде предност за нив... Многумина мислат дека можат да ни бидат ривали во борбата за титулата, но тие не се“, додаде Маркисио.
Фудбалерите на Јувентус последните шест години го освојуваат Скудетото, пред тоа Милан ја заврши трката како прв, и тоа по повеќегодишната доминација на Интер.

Најнови вести