Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2017

Ублажена казната на хајдук, „торцида“ може на „Пољуд“

Дисциплинската комисија на УЕФА делумно ја уважи жалбата на Хајдук, па навивачите ќе може да дојдат на натпреварот против Брондби во квалификациите за Лигата на Европа.

Поради расистичко однесување на дел од навивачите на натпреварот против Левски, Хајдук беше казнет со натпревар пред празни трибини, но таа казна е ублажена, па хрватскиот клуб во четврток натпреварот на „Пољуд“ ќе го одигра пред навивачите, пренесе „Хина“.
Но, „Пољуд“ нема да биде целосно пополнет, бидејќи УЕФА забрани да има навивачи на еден сектор со најмалку од 500 места за седење и Хајдук го казни парично со 35.000 евра.
Хајдук и Брондби реванш-натпреварот од третото коло на квалификациите за Лигата на Европа го играат во четврток, од 20.30 часот. Првиот натпревар беше завршен без голови.

Најнови вести