01.8.2017 Гвардиола го води Сити во Шпанија по отворањето на сезоната
Фудбалерите на Манчестер сити ќе имаат четиридневен тренинг-камп во Шпанија по натпреварот од првото коло на Премиер лигата со Брајтон, кој на програмата е на 12-ти август.
Само ден подоцна, менаџерот Пеп Гвардиола заедно со целата екипа ќе отпатува во неговата татковина, каде што на располагање ќе го има целиот тим, бидејќи некои играчи ја пропуштија американската турнеја.
„Граѓаните“ на 15-ти август ќе одиграат пријателски натпревар со Хирона, која минатата сезона избори пласман во Примера лигата за прв пат во историјата.
„Овој пат е одлична можност за Пеп да работи со целиот тим на интензивен трениг-камп. Самиот натпревар ќе биде фантастичен спектакл, бидејќи Хирона ќе биде на крајот на нејзините подготовки за дебито во Ла Лига“, изјави Чики Бегиристајн, директорот на Сити.