Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2017

Коста: Во Јувентус дојдов за да освојам сè

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста изјави дека во Јувентус дошол за да освои сè, а дека приоритет е Лигата на шампионите.

Коста во летниот преоден рок во Јувентус дојде на едногодишен заем од Барен Минхен за шест милиони евра, а „старата дама“ наредното лето ќе го откупи за дополнително 30 милиони.
„Овде дојдов за да освојам сè, вклучувајќи ја Лигата на шампионите, која е приоритет. Сакам да влезам во историјата на Јувентус и не можев да изберам подобар клуб“, изјави Коста.
Според неговите зборови, добро се чувствува во новиот клуб и му одговара системот на работа.
„Јувентус го избрав бидејќи три години играше во финалето на Лигата на шампионите и тоа е тим со најголема желба и шанса да ја освои. Следната година е и Светското првенство, тоа е дополнителен мотив“, изјави Бразилецот.
Коста Јувентус го спореди со Баерн и изјави дека клубот од Торино прави сè за секоја година да ја освојува Серија А, а додаде дека му одговара тактичкиот фудбал кој се игра во Италија.

Најнови вести