Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2017

Македонија поразена од Косово на стартот од претквалификациите

Кошаркарската репрезентација на Македонија беше поразена со 72:68 на почетокот од претквалификациите за Светското првенство.

Македонија му дозволи на Косово да испише историја остварувајќи ја својата прва победа на неговата кошаркарска репрезентација.
Кошаркарите на Македонија очајно го почнаа натпреварот и катастрофално одиграа во првото полувреме. Првата четвртина ја загубија со 23:11, во втората постигнаа само девет поени, додека противникот 17, а на паузата резултатот беше 40:19.
Во второто полувреме избраниците на селекторот Давитков дојдоа до заостанување од два поени, но не направија пресврт на натпреварот, па на крајот Косово заслужено победи со 72:68.
Најефикасен во тимот на Македонија беше Џордан Теодор со 20 поени, Стојановски постигна 19, Тасовски 11.
 Ништо не е загубено, но веќе Македонија нема право на грешка. Следниот натпревар се игра сабота, во салата „Борис Трајковски“ против Естонија.

Најнови вести