04.8.2017 Ихеаначо официјално фудбалер на Лестер
Келечи Ихеаначо, неодамнешниот играч на Манчестер сити, вчера официјално стана член на Лестер.
Талентираниот Нигериец потпиша договор со минатогодишниот шампион на Англија до 2022 година.
Тој во тимот на „лисиците“ ќе им се придружи на неговите земјаци Ахмед Муса и Вилфред Ндиди.
Ихеаначо во новиот клуб ќе го носи дресот со број 8, а би можело да дебитира токму против неодамнешниот тим, бидејќи Лестер и Манчестер сити играат пријателски натпревар непосредно пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.