Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2017

Осиек го елиминираше ПСВ, Милан, Евертон и Марсеј во плејофот за ЛЕ

Хрватскиот Осиек, во којшто игра Музафер Ејупи, во реваншот го победи ПСВ Ајндховен со 1-0 со погодокот на Бочкај од слободен удар. Хрватскиот тим можеби и најмногу изненади во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.

АЕК Ларнака, во која играат Иван Тричковски и Даниел Мојсов, го елиминира Динамо Минск откако во реваншот вчера одигра 1-1 на гости.
Домжале на Зени Хусмани го елиминира Фрајбург со 2-0 пред неговите навивачи и со победата се пласира во следната рунда.
Зенит од Русија беше поразен на домашен терен од Јехуда со 1-0, но сепак продолжува во следната рунда од натпреварувањето. Црвена Ѕвезда и во гости ја совлада Спарта Прага со 0-1, а со овој резултат славеше и Евертон против Ружомберок. Хајдук од Сплит триумфираше против Брондби со 2-0, а Динамо одигра реми без голови на гости кај Одд и се пласира во следната рунда.
На „Сан Сиро“ Милан ја совлада Крајова со 2-0, а Атлетик Билбао убедливо со 3-0 славеше против Динамо Букурешт. Олимпик Марсеј ќе игра во следната рунда од плејофот по ремито без голови против Остенде.

Најнови вести