Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2017

Арсенал на пенали го освои Комјунити шилд

Арсенал го освои првиот трофеј во новата сезона откако на „Вембли“ го победи шампионот на Англија Челзи по подобро изведување на пеналите.

Арсенал беше подобар во пенал серијата која беше изведена по „А-Б-Б-А“ системот со 4-1. Пеналите за Челзи не ги реализираа голманот Тибо Куртоа и новакот Алваро Мората, додека за „топчиите“ прецизни беа Тео Волкот, Начо Монреал, Алекс Окслејд-Чембрлен и Оливие Жиру, а единствениот пенал за „сините“ го погоди Гери Кејхил.
Првото полувреме не донесе многу возбудувања. Арсенал беше блиску до постигнување на водечкиот гол, но Александр Лаказет од околу 13 метри по еден контра напад го погоди дирекот.
На стартот на вториот дел Челзи стигна до предност, а стрелец беше Виктор Мозес во 46-тата минута. Тој го искористи невниманието на одбраната на Арсенал, ја избегна офсајд стапицата и стигна прв до топката која Кејхил ја прати во шеснаесетникот по што успеа да го совлада Петр Чех.
Арсенал во продолжението имаше иницијатива, но во 82-ата минута не успеа да дојде до израмување. Педро остро стартуваше над Мохамед Елнени на околу 30 метри од својот гол и доби црвен картон.
Слободниот удар го изведе Гранит Џака и го пронајде осамениот дебитант Сеад Колашинац кој топката со глава ја проследи во мрежата на Куртоа.
Челзи во судиското продолжени имаше шанса да дојде до победата, но обидот на Мората со глава по нафрлената топка од Фабрегас заврши за малку крај голот.

 

Најнови вести