Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2017

Реал Мадрид и Манчестер јунајтед пристигнаа во Скопје

Реал Мадрид пред еден час слета на Аеродромот „Александар Велики“, а Манчестер Јунајтед триесет минути подоцна.

Во пресрет на утрешниот натпревар за Суперкупот на Европа двете екипи вечерва ќе одржат отворени тренинзи. На „Телеком арената“ прв ќе тренира Манчестер Јунајтед, со почеток во 17:30 часот, а тренингот на Реал Мадрид ќе почне во 19:30.
Реал Мадрид во полн состав пристигна во нашиот главен град заедно со нивната најголема ѕвезда, Кристијано Роналдо, а „кралевите“ ќе бидат сместени во хотелот „Александар палас“, каде беа пречекани од бројни навивачи.
„Црвените ѓаволи“ пристигнаа во Скопје половина час подоцна и со полициски придружба се упатија кон „ТЦЦ Плаза“ каде ќе бидат сместени во очекување на утрешната пресметка.
Манчестер јунајтед ќе одржи прес конференција во 16:45 часот во прес-центарот на „Телеком арената“, а пресот на Реал Мадрид е закажан од 18:45 часот.

 

Најнови вести