Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2017

Рамос: Мурињо е само уште еден тренер во низа

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос смета дека поранешниот тренер на клубот Жозе Мурињо никогаш не сфатил како функционираат работите на „Сантијаго Бернабе“.

Португалецот го напушти Реал во 2013 година со титула во шпанското првенство и Купот на кралот, а во меѓувреме Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите, две по ред со Зинедин Зидан и шпанската титула минатата сезона.
„Двајцата се одлични тренери, Мурињо е искусен, но Зидан одлично ја разбира соблекувалната. Еден тренер не мора нужно да биде подобар од другиот, само се различни. Мислам дека нов тренер со себе секогаш носи нов систем, тактика, личност“, изјави Рамос.
Тој смета дека Мурињо не влијаел значајно на текот на неговата кариера.
„Мислам дека воопшто не ми ја смени кариерата. Мурињо беше само уште еден тренер кој работеше со мене, секогаш сум учел од други, уште откако бев дете во Севилја. Благодарен сум му многу, но мислам дека Мурињо не ми го смени фудбалскиот живот воопшто“, додаде Шпанецот.
Претходните години повремено се шпекулираше за трансфер на Рамос од Реал токму во Манчестер јунајтед.
„Имаше можности во минатото, но работите се одвиваа на друг начин. Почествуван сум што Јунајтед се интересирал за мене, тоа е голем клуб, им посакувам сè најдобро“, заврши Рамос.

Најнови вести