09.8.2017 Зидан четврти најуспешен тренер во историјата на Реал
Некогаш легендарен фудбалер, сега и легендарен стратег на Реал Мадрид - Зинедин Зидан.
Французинот стана четврти најтрофеен тренер во пребогатата историја на Реал Мадрид.
По последниот триумф против Манчестер јунајтед синоќа во Скопје, Зидан создава историја на клупата на „кралскиот клуб“. Со победата во Суперкупот на Европа го освои шестиот трофеј за помалку од две години!
Две титули во Лигата на шампионите, два Суперкупа на Европа, една титула во шпанското првенство и Светското клупско првенство - Зидан веќе освои речиси сè, а шпанскиот струшњак Висенте дел Боске му „бега“ за еден трофеј.
Четириест и петгодишниот Зидан заостанува со два трофеи зад Луис Моловни, а Мигел Муњос има 14 во својата колекција. Шпанските медиуми сметаат дека неговата кариера на „Сантијаго Бернабе“ штотуку почна и дека ќе успее да освои уште трофеи.
Зидан е единствен тренер кој успеал да го одбрани пехарот во Суперкупот уште од Ариго Саки пред 27 години.