Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2017

Мурињо: Требаше да биде 1-1, Реал има „уникати“

Менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо ни во третиот обид не успеа да го освои пехарот во Суперкупот на Европа.

Неговиот поранешен клуб Реал Мадрид ги победи „црвените ѓаволи“ со 2-1, а на „Специјалниот“ му се одмазди дефанзивниот пристап во играта дури и во моментите кога неговиот тим имаше два гола заостанување.
„Изгубивме, но мислам дека одигравме добар натпревар. На крајот се покажа дека Лигата на шампионите е сосема друго натпреварување. Ние вечерва игравме против европскиот шампион. Разликата е во тоа што фудбалерите од средината на теренот на Реал, немаат ’реплики’, тие се уникати. Единствени се и Крос и Иско и Модриќ и Каземиро’, изјави Мурињо.
Португалецот имаше замерки на судењето поради првиот гол на Каземиро.
„Еден од нивните голови беше од офсајд. Да имаше видео помош за судијата резултатот ќе беше 1-1“, изјави Португалецот.
„Медалот не го чувам ни кога победувам, а замислете како е кога ќе изгубам. Медалот за детето беше како месечината. Беше во дрес на Манчестер јунајтед, не знам од каде е“, рече Мурињо за гестот по доделувањето на медали кога му го подари на еден млад навивач на трибината.
„Се враќаме во најсилното натпреварување и верувам дека ќе достигнеме друго ниво. Без оглед на поразот, верувам дека можеме да извлечеме позитивни работи и оптимистички да влеземе во новата сезона во Премиер лигата“, заврши Мурињо.
Манчестер јунајтед новата сезоната ја отвора во недела во 17 часот кога го пречекува Вест хем.

Најнови вести