Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2017

Реал Мадрид ја потврди доминацијата во Европа

Европскиот шампион Реал Мадрид го победи Манчестер јунајтед со 2-1 во Суперкупот на Европа кој се играше во Скопје.

Составот на Зинедин Зидан во поголем дел од натпреварот беше подобар противник, додека екипата на Жозе Мурињо имаше неколку добри периоди во играта.
Мадриѓаните до предност дојдоа во 24-тата минута кога од една сомнителна ситуација Каземиро успеа да го совлада Де Хеа. Бразилецот беше во „мал офсајд“ по проигрувањето од Дани Карвахал.
Сепак, италијанските судии не го видоа тоа па „кралскиот тим“ поведе со 1-0, резултат кој остана непроменет до крајот на полувремето.
Во второто полувреме темпото се засили, а први гол повторно постигнаа играчите на Реал. Бејл и Иско одлично двојно проиграа во шеснаесетникот, а потоа Шпанецот лесно го совлада Де Хеа.
Набрзо следеше одговор на Манчестер јунајтед кој преку Лукаку дојде до 2-1. На голот му претходеше одличен шут на Матиќ, а одбиената топка Белгиецот ја прати во мрежата на Навас.
До крајот на натпреварот немаше голови, но во 81-ата минута голема шанса да го израмни резултатот имаше Маркус Рашфорд, но не го погоди голот. 
Кристијано Роналдо влезе во игра и ги одигра и последните 15-ина минути.
За Реал Мадрид ова е четврти пехар од Суперкупот на Европа, втор по ред.

Најнови вести