Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2017

Фиорентина со двоен трансфер во еден ден

Италијанскиот калчолигаш ангажираше двајца фудбалери од средината на теренот во еден ден.

На „Артемио Франки“ стигнаа дваесет и тригодишниот Марко Бенаси од Торино и дваесет и петгодишниот Валентин Ејсерик од Ница.
Бенаси дојде за околу десет милиони евра и потпиша петгодешен договор, а Ејсерик е платен 4 милиони и потпиша на четири сезони.
Минатата сезона Бенаси беше заменик капитен на Торино и постигна пет голови со три асистенции на 39 натпревари. Францускиот фудбалер запиша осум голови и седум пати беше асистент на 39 натпревари за Ница во Лига 1.
Двајцата фудбалери би требало да го надоместат заминувањто на Борха Валеро и Матијас Весино во Интер во летниот преоден рок.

Најнови вести