Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2017

Македонија 135-та на ФИФА ранг листата

Светската куќа на фудбалот ја објави последната ранг листа, Македонија со пад од едно место се најде на 135-тата позиција во друштво на Либерија, Виетнам, Луксембург и Намибија.

Македонската фудбалска репрезентација со 228 бодови во август месец е на 135-тото место на ФИФА ранг листата.
Зад нас се репрезентации на Луксембург, Намибија, Ангола и Свазиленд, а пред нас Виетнам, Либерија и Бурунди.
Новата ранг листа донесе и промена на врвот, Бразил е нов лидер пред Германија и Аргентина.
Во топ 10 уште се најдоа Швајцарија, Полска, Португалија, Чиле, Колумбија, Белгија и Франција.

Најнови вести