Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2017

Аталанта го врати Де Рон од Мидлсборо

Мартен де Рон, холандскиот играч за врска, се враќа во Серија А само по една година помината во Премиер лигата.

Де Рон, кој пред 14 месеци од Аталанта направи трансфер во Мидлсборо, повторно ќе го облече дресот на тимот од Бергамо.
Италијанскиот клуб го купи назад 26-годишниот Холанѓанец, кој ќе биде големо засилување за четвртопласираната екипа на Серија А во минатата сезона.
Тој во претходната сезона постигна пет погодоци за Мидлсборо во сите натпреварувања, но не успеа да му помогне на тимот за го зачува местото во Премиер лигата.
Пред да дојде во Аталанта, Де Рон играше за Спарта и Херенвен.

 

Најнови вести