Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2017

Триумф на Довициозо пред Маркес на Ред бул Рингот

Најмногу драма имаше во класата Мото ГП, каде што до последниот метар водеа борба Марк Маркес и Андреа Довициозо, но Италијанецот излезе помудар и славеше.

Во кралската класа битка водеа Дукати и Хонда, Јамаха беше преслаба за Ред бул Ринг. Поведе Лоренцо, но се знаеше дека нема да издржи на чело до крајот. Педроса се закануваше, но ги истроши гумите.
Вистинска драма имаше во последните кругови, Довициозо водеше, Маркес напаѓаше и престигнуваше, во тоа успеа и во последната кривина обидувајќи се да го затвори Италијанецот, но тој испадна помудар, закочи и не му даде на Шпанецот да го затвори на надворешната страна, имаше побрз излез и на крајот славеше по трет пат во сезоната. Еднаков број победи по 11 трки имаат и Маркес и Вињалес.
Возачите на Јамаха не успеаја, поточно нивните мотори, немаа брзина, па Зарко, Вињалес и Роси беа зад водечкиот квартет. Трката и понатаму продолжува меѓу петтемината.

Најнови вести