Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2017

На Роналдо му се заканува суспензија од 12 натпревари!

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, би можело да биде суспендиран на 12 натпревари поради туркање на судијата!

Роналдо во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија заработи црвен картон во 82-рата минута, по што изнервиран од одлуката го турна судијата Рикардо де Бургос Бенгоече.
Португалецот влезе од клупата, постигна преубав гол за 2-1, па доби жолт картон бидејќи го соблече дресот, а арбитерот во следниот напад му покажа уште еден.
Кристијано беше во дуел со Самуел Умити, падна по туркањето со него и бараше најстрога казна, но доби втора јавна опомена, по што го оттурна судијата.
Според членот 96, казната за благо насилство врз судијата, како што го квалификуваше Бенгоече овој инцидент во записникот, е суспензија од четири до 12 натпревари. Доколку комисијата не биде благонаклонета кон Роналдо, би можело да пропушти поголем дел од првата полусезона.
Казната се однесува на сите натпреварувања во Шпанија.
Екипата на Зинедин Зидан триумфираше на „Камп ноу“ со 3-1 и има капитална предност пред реваншот во среда на нејзиниот стадион.

Најнови вести