Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2017

Роналдо добро помина – суспендиран на пет натпревари!

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, е суспендиран на пет натпревари поради туркање на судијата.

Роналдо во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија заработи црвен картон во 82-рата минута, по што изнервиран од одлуката, го турна судијата Рикардо де Бургос Бенгоече.
Португалецот влезе од клупата, постигна преубав гол за 2-1, па доби жолт картон поради тоа што го соблече дресот, а арбитерот во следниот напад му покажа уште еден.
Кристијано беше во дуел со Самјуел Умтити, падна по туркањето со него и бараше најстрога казна, но доби втора јавна опомена, по што го оттурна судијата.
Според членот 96 за благо насилство врз судијата, како што го квалификуваше Бенгоече овој инцидент во записникот, му се закануваше казна дури од 12 натпревари, но сепак не помина толку лошо.
„Првенствено, Кристијано Роналдо, играчот на Реал Мадрид, е казнет со еден натпревар поради двата жолти картони – првиот поради соблекување на дресот при прославата на голот, а вториот поради симулирање прекршок. Клубот е казнет парично 350 евра, а самиот фудбалер 850. Поради вториот прекршок, а тоа е прекршување на членот 96 од Деловникот за дисциплина, доби суспензија од четири натпревари, клубот е казнет со 1.400 евра, а играчот со 3.005“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Казната која ја заработи се однесува на сите натпреварувања во Шпанија, што значи дека ќе го пропушти реваншот со Барселона утре, а потоа дуелите со Депортиво Ла Коруња, Валенсија, Леванте и Реал Сосиедад.
Екипата на Зинедин Зидан триумфираше на „Камп ноу“ со 3-1 и има капитална предност пред вториот натпревар.

 

Најнови вести