Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2017

Хесе наместо во Фиорентина, прејде во Стоук

Хесе Родригез, играчот на ПСЖ, сезоната 2017/18 ќе ја помине на заем во Стоук, соопшти премиерлигашот.

Шпанецот во ПСЖ направи трансфер минатото лето од Реал Мадрид за 21 милион фунти, но одигра само 14 натпревари пред да биде испратен на заем во Лас Палмас.
„Немаше најсреќни периоди во Париз, но тој сè уште е млад и со желба да остави добар впечаток во Премиер лигата“, изјави Тони Сколс, извршниот директор на Стоук.
Дваесет и четиригодишниот Хесе во Реал дојде на 14 години и беше дел од кралскиот тим кој во 2014 и во 2016 година ја освои Лигата на шампионите.
Претходно требаше да направи трансфер во Фиорентина, која речиси сè договори со овој крилен напаѓач, но Хесе се одлучи да игра во Премиер лигата за Стоук.

Најнови вести