Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2017

Астон Вила го отпушти Стив Брус

По поразот во Ридинг, Астон вила на искусниот тренер Стив Брус му врачи отказ.

Астон вила лошо ја отвори сезоната во Шампионат лигата, по трите одиграни кола има само еден бод, а сметката за тоа ја плати менаџерот Стив Брус.
По ремито со Хал на домашен терен во првото коло (1-1), „Виланите“ врзаа два порази по ред, во саботата во Велс од Кардиф (3-0) и синоќа од Ридинг (2-1).
Со Џон Тери како капитен и командант на одбраната, екипата на Брус прими шест гола на три натпревари, па со право се поставува прашањето дали ветеранот, и легенда на Челзи, воопшто е засилување за екипата, со оглед на тоа дека е доведен како некој кој со лидерските способности би требало да има пресудно влијание за враќање на паднатиот гигант на англискиот фудбал и некогашен шампион на Европа назад во елитата.
Само еден тим се наоѓа под Астон вила по некомплетното трето коло. Тоа е Бартон, кој нема ниту еден бод. Бартон по воведниот пораз на домашен терен од Кардиф (0-1), врза уште два во гости, од Хал (4-0) и од Мидлсборо (2-0).

Најнови вести